Header logo
  • За нас
  • Трговски и бизнис центри
    • БИТОЛА — K MALL БИТОЛА 1
    • СКОПЈЕ — K MALL ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
    • СКОПЈЕ — K MALL ЦЕНТАР
    • СКОПЈЕ — K RETAIL КИСЕЛА ВОДА
  • Проекти во најава
  • Новости
  • Контакт
ИЗНАЈМУВАЊЕ
  1. Почетна
  2. Изјава за приватност при вршење на видеонадзор

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на податоци што КАМ ИМОБИЛИЕН ДООЕЛ СКОПЈЕ (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

Зошто собираме (обработуваме) лични податоци ?

Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):

  • Да се контролира пристапот до објектот и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените кај Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
  • за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
  • да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).

Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.

Системот за видеонадзор може да се користи при внатрешни истраги или дисциплински постапки, или ако е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага.)

Камерите за видеонадзор се инсталирани на делови од објектот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот.


Какви податоци собира Контролорот?

Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.


Кој е одговорен за обработка на податоците?

Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа Александар Димчевски е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот


Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?

Контролорот користи опрема за видеонадзор за:

  • заштита на животот или здравјето на луѓето;
  • заштита на сопственоста заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата;
  • обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории

Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за личните податоци.

Покрај тоа на влезот на објектот, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.


Кој може да ги види моите лични податоци?

До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (на пример: ангажирана Агенција за приватно обезбедување). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица).
До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на контролорот и одговорното лице за видео надзор.


Како да ги контролирате вашите податоци

Може да испратите барање на контролорот (на пример на е-пошта на office@kamimobilien.mk или на адреса ул.Козле бр.53/2 МА 1/11Скопје


Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање барање до контролорот, или преку е-пошта до: office@kamimobilien.mk 


Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.


Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на контролорот на е-пошта office@kamimobilien.mk  кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротиставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.


Дали можам да ги избришам моите податоци?

Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на office@kamimobilien.mk , кога обработката е незаконска.


Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.


Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротиставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на office@kamimobilien.mk , кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.


Што можам да направам во случај на проблем?

а)  Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до office@kamimobilien.mk, и да побарате да преземе акција

б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на office@kamimobilien.mk 

в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.


Безбедност на личните податоци

Контролорот е посветен за заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.


Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 (триесет) календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.

Footer logo
Facebook profile Linkedin profile Instagram profile

Колачиња

kmall.com.mk користи колачиња за да се осигури дека ќе го добиете најдоброто искуство на нашата веб-страница. Повеќе информации за колачињата можете да најдете тука.

Поставки за колачиња

За правилната работа на веб сајтот и за подобрување на вашето искуство, користиме колачиња. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Задолжителни колачиња
Потребните колачиња обезбедуваат суштинска функционалност. Веб сајтот не може правилно да функционира без овие колачиња, а нив можете да ги исклучите единствено со промена на поставките на вашиот пребарувач.
Аналитички колачиња
Aналитичките колачиња ни помагаат да го подобриме веб сајтот така што собираат и известуваат за податоците за неговото користење.
Маркетинг колачиња
Користиме маркетинг колачиња како помош за подобрување на релевантноста на рекламните кампањи кои ги примате.
Функционални колачиња
Функционални колачиња
  • ТРГОВСКИ И БИЗНИС ЦЕНТРИ
    • K MALL Ѓорче Петров, Скопје
    • K RETAIL Кисела Вода, Скопје
    • K CENTER Retail & Business, Скопје
    • K MALL Битола- 1, Битола
  • ПРОЕКТИ ВО НАЈАВА
    • K MALL Битола- 2. Битола
    • КОЗЛЕ, Скопје
  • ЗА НАС
  • ИЗНАЈМУВАЊЕ
  • KAM ИМОБИЛИЕН ДOOЕЛ
    • Ул. Ѓорче Петров бр.22 кат 4 Скопје
    • office@kamimobilien.mk
    • +389 2 3171 210
    • +389 71 394 556
    • +389 71 365 589
  • Видео надзор
  • Политика на приватност
  • Пријава